Eден Азар кој неодамна се пензионираше сега гостуваше во подкастот на својот поранешен соиграч од редовите на Челзи, Џон Оби Микел. Азар во разговорот искрено зборуваше дека во текот на кариерата констатно имал проблеми со вишокот на килограми.
Најтешко на тренинзите му било под водство на Антонио Конте и призна дека ги мразел неговите тренинзите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со него тренинзите се одвиваат цела недела. Се радував само на саботата, тоа беше денот кога можев малку да уживам. Но, веќе наредниот ден ме чекаа нови тренинзи. Остатокот од неделaта беше ист, тренинзи, тактики, што треба да се поправи…саботата беше најдобриот ден.
Азар по секоја пауза се враќал со барем 4-5 килограми над границата.
„За време на паузата секое лето добивав по 4-5 килограми плус. Во тие денови надополнував за се што губев во текот на сезоната. Уживав со семејството, одев на плажа, пиев, јадев…воопшто не тренирав“, изјави Азар.
Својот најдобар фудбал Азар го играше во Челзи од каде што со големи очекувања се пресели во Реал Мадрид каде што сепак не се прослави и никогаш не ги исполни очекувањата.