Калчото е на добар пат да се врати на славните патеки…
Не така одамна, пред неколку децении, многу ѕвезди на европскиот фудбал настапуваа во Италија. Диего Арамандо Марадона во 80-те го предводеше Наполи, нешто подоцна Мишел Платини беше лидер на Јувентус, потоа следуваше цела низа на светски асови кои трчаа на терените на „чизмата“ – прво Ван Бастен, Гулит, Матеус, Бергкамп и Гаскоњ, а подоцна Роналдо и Зидан. 90-те беа златно време за италијанскиот фудбал…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Беше тоа лига за која се зборуваше со суперлативи, па дури и фрлаше сенка на трите најголеми натпреварувања на Стариот континент: Лигата на шампионите, Купот на УЕФА и Купот на победниците на куповите. Во тие години девет различни клубови од Италија играа дури 25 меѓународни финалиња од кои во 13 Италијанците се радуваа.
Меѓутоа новиот милениум донесе потоп за Калчото. Скандалите како „Калчополи“ го фрлија италијанското првенство во сенка на Премиер лигата и Примера. Најдобриот светски фудбал повеќе не се играше на Апенините, но тоа би можело да се промени многу наскоро. Веќе евидентно е дека Серија А полека успева да ја врати економската моќ и да ги привлече најдобрите фудбалери во светот.
Да, ситуацијата започна да се поправа од моментот кога Јувентус го доведе Кристиано Роналдо.
Купувањето на португалскиот мајстор го здрма Калчото во кое до сега се потрошени 895.000 евра и единствено пред нив е само англиската Примера. Но, тука се и трансферите на Арутро Видал во Интер кој би можел да значи и тим на „нероаѕурите“ со кој ќе се борат за Скудетото, како и најавената голема размена помеѓу Милан и Јувентус (Милан ги добива Калдара и Игуаин, Јувентус го враќа Бонучи, „росонерите“ ќе платат 18 милиони веднаш, а 36 доколку наредното лето сакаат да го откупат аргентискиот голгетер).
Доколку овие зделки бидат финиширани што е очекувано во Серија А ќе бидат потрошени 975 милиони евра.
Топ 5 лиги до денес
Премиер лига: 1 милијарда и 42 милиони евра
Серија А: 895 милиони евра
Примера: 453 милиони евра
Бундес лига: 414 милиони евра
Лига 1:375 милиони евра