Најдобрата спортискта на Македонија за 2016 година, тенисерката Лина Ѓорческа, во четврток во раните утрински часови, ќе настапи во првото квалификациско коло на гренс слем турнирот Австралија Опен.
Ѓорческа, која на ВТА листата се наоѓа на 202-то место, за противничка на почетокот на квалификациите ја доби Американката Саша Викари. 21-годишната Американка на ВТА листата се наоѓа на 137-та позиција.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Македонската тенисерка втор пат настапува во квалификациите на еден грен слем, минатата година на УС Опен не успеа да го мине првото коло, додека Викари во 2014 година настапи на главниот турнир во Австралија, а на грен слем турнирите има и учество во второто коло на УС Опен.