Дома Македонски спорт Државен рекорд на Балабан со воздушна пушка на 10 метри

Државен рекорд на Балабан со воздушна пушка на 10 метри

Македонската репрезентативка во стрелаштво, Нина Балабан имаше извондрен настап на меѓународниот Гран При турнир во главниот град на Србија, Белград.

Балабан во дисциплината воздушна пушка на 10 метри, во квалификациите два пати го соборуваше сопствениот рекорд, кој воедно е и државен, а во финалето го освои бронзениот медал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Олимпијката Нина Балабан, првиот натпреварувачки ден испука 414.7 кругови и за 3.7 кругови го подобри рекордот остварен во Минхен минатата година и се пласираше на деветтото место.

На вториот натпреварувачки, Балабан повотрно го собори рекордот со испукани 415.8 кругови кој и обезбеди пласман во финалето. Меѓу најдобрите осум стрелци Балабан заврши на третата позиција со 184 кругови, само 2.9 помалку од првопласираната Вукашиновиќ од Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …