Дома Фудбал Англија Мурињо отворено до Погба: Тука јас сум шеф!

Мурињо отворено до Погба: Тука јас сум шеф!

Англиски „The Sun“ открива дека Пол Погба и Жозе Мурињо имале разговор во неговата канцеларија, но и пишува и за детали од истиот состанок.

Имено, според информациите на овој медиум, Мурињо и Погба разговарале околу тактиката проблемите и статусот на Погба кој овој момент го има во клубот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак она што како „бомба“ одекна во англиските медиуми се наводните зборови на Мурињо со кој веројатно му ја покажал и излезната врата на најскапиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед.

Според „The Sun, Mурињо му се обратил со зборовите: „Тука јас сум шеф и јас одлучувам“. Со овие зборови Португалецот веројатно сакал да му покаже Погба „кој е кој“ во клубот.

Да потсетиме, Погба во последно време се почесто се наоѓа на клупата за резерви, а ситуацијата кулминираше кога Французинот не доби место во првиот тим во натпреварот од Лигата на шампионите против шпанска Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски во Лигата на шампионите направи нешто што никој претходно не направил

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој, играјќ…