Дома Останати Тенис Алкараз го менува распоредот: ќе настапи на силниот турнир во Виена

Алкараз го менува распоредот: ќе настапи на силниот турнир во Виена

Карлос Алкараз направи неочекувана промена во својот распоред за крајот на сезоната и ќе настапи на турнирот во Виена.

Шпанецот се реши на ваков потег по раното испаѓање на Мастерсот во Шангај, а дополнителен простор во календарот му се отворил по поместувањето на терминот за турнирот „Шест кралеви“.

Така, Алкараз ќе биде дел од главниот жреб во австриската престолнина од 27 октомври, во период кога полека започнува завршната битка во сезоната.

Турнирот во Виена треба да му послужи како подготовка за следните големи обврски, пред сè Мастерсот во Париз, потоа завршниот Мастерс во Торино, како и финалниот турнир во Дејвис купот.

Иако станува збор за турнир од серијата 500, листата на учесници изгледа мошне моќно. Освен Алкараз, пријавен е и Александар Зверев, кој наскоро треба да стане прв светски рекет.

На влезната листа се и Данил Медведев, Флавио Коболи, Френсис Тиафо, Алекс де Минор и Јакуб Меншик, што дополнително најавува исклучително силна конкуренција во Виена.

Со ваков состав, турнирот во австриската престолнина добива тежина каква што обично се врзува со настани од повисок ранг, иако формално е од категоријата АТП 500.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Давидовиќ Фокина во полуфинале на Мастерсот во Шангај

Алехандро Давидовиќ Фокина се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај поради пред…