Дома Останати Кошарка Ник Јанг со тврдење: НБА го сокрила неговиот „постер“ над Леброн

Ник Јанг со тврдење: НБА го сокрила неговиот „постер“ над Леброн

Поранешниот НБА играч Ник Јанг изнесе интересно тврдење поврзано со Леброн Џејмс, обвинувајќи дека лигата намерно ја тргнала во сенка снимката од едно негово атрактивно забивање преку големата ѕвезда.

Во гостување во подкастот Club Shay Shay, Јанг се наврати на сезоната 2007/08, кога Леброн настапуваше за Кливленд Кавалирс. Според неговите зборови, како дебитант успеал да забие преку Џејмс, но тој момент не добил третман каков што заслужувал.

„Во мојата дебитантска сезона забив преку Леброн и имаше снимка од тоа. Тоа беше период кога, така да кажам, ги криеја тие ленти. Тогаш бев млад, го чував во одбрана, а тој ме погледна во стилот: ‘Што прави овој дебитант?’ Потоа шутираше тројка преку мене, топката се одби далеку, ја земав, тргнав преку цел терен, а тој се обиде да направи еден од тие негови блокови одзади.

Јанг додаде дека верувал оти токму тој потег требало да биде број еден на листата со најдобри забивања таа вечер, но наместо тоа завршил дури на 10. место.

„Мислев дека ќе бидам број 1 поради тоа што беше преку Леброн, а ме ставија на 10. место. Требаше да бидам прв. Тоа беше обична среда, но кога некој ќе забие преку Леброн, очигледно тогаш беше време кога тие работи се криеја.

И Џордан Крафорд имаше забивање преку него, па и таа снимка ја сокрија. Како да сакаа да кажат: ‘Не може постојано вака да изгледа лошо, тој е лицето и иднината на лигата’“

Со оваа изјава, Јанг потсети и на познатиот случај од 2009 година на LeBron James Skills Academy, кога се тврдеше дека тогашниот колеџ играч Џордан Крафорд забил преку Леброн на тренинг-натпревар, по што снимката стана тема на голема дебата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ивановиќ отворено: Галатасарај сè уште најмногу живее за фудбалот

Никола Ивановиќ зборуваше за животот во Истанбул, притисокот во Галатасарај и силната конк…