Уште една маестрална партија на нашиот интернационалец, Борко Ристовски во дресот на Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Ристовски на денешниот меч против Адемар Леон, запиша 14 интервенции, односно 41,2 поценти успешен учинок на теренот.
Екипата на Адемар во шпанското првенство инаку, е најголем конкурент на Каталонците.
Барселона успеа да слави со 28:20, но како клучни на мечот се покажаа интервенциите на нашиот интернационалец. Инаку најефикасен во дресот на Барселона беше Ривиера кој постигна 11 погодоци.