„Aѕурите“ се уште не добиле нов тренер.
Џампиеро Вентура очекувано доби отказ, откако Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијаните се поразени во баражот од Шведска, нема да играат на Мундијалот во Русија, па ова лето ќе го искористат за доведување на селектор.
Според последните информации изборот паднал на три имиња во прашање се Роберто Манчини, Карло Анчелоти и тренерот на Челзи, Антонио Конте.
Анчелоти е без работа откако го напушти кормилото на Баерн Минхен, а во овој момент се поврзува со трансфер во Арсенал. Кога во прашање е Конте како што е познато го преводи Челзи, но ПСЖ во последно време го зголеми интересот за Италијанецот, па поради тоа се верува дека Манчини кој во овој момент работи во Зенит е најреална опција.
И самиот Манчини неодамна изјави дека селекторот место на Италија е негов сон.
„Имам еден сон, а тоа како тренер да го освојам она што не успеав како играч, тоа е Светското првенство. Работев во многу клубови, но водењето на националниот тим би било преубава работа“, изјави Манчини.