Дома Фудбал Англија Гвардиола: Јас и Мурињо сме како близнаци!

Гвардиола: Јас и Мурињо сме како близнаци!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред големото дерби со Манчестер Јунајтед истакна дека нема да биде одлучувачко за титулата и откри по која особина исклучително наликува на својот ривал Жозе Мурињо.

Каталонскиот стратег изјави дека Давид Силва ќе биде спремен за дербито, иако Шпанецот имаше мали со повреда, а Винсент Компани и Фабиан Делф се под знак прашалник за дербито.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Давид ќе игра. На почетокот на неделата неговиот настап не беше сигурен, но денес тој ми кажа дека се чувствува добро и ќе игра. За нас е задоволство да се игра на „Олд Трафорд“. Во овој дуел нема да ја освоиме или загубиме титулата, но сакаме да се претставиме добро“, истакна Пеп и додаде:

„Тоа е маратон, а ние не сме ни на половина од патот. Има многу бодови во игра. После мечот со Јунајтед ќе се фокусираме на дуелот со Свонси, кој е само три дена покасно. Јунајтед е силен и успеа да го победи Арсенал“.

Гвардиола потоа проговори за неговиот колега Жозе Мурињо и истакна дека според една особина се како близнаци.

„Двајцата со Мурињо сме обземени од идејата да освојуваме трофеи. Во таа смисла сме како близнаци. Истото важи и за Антонио Конте, Јирген Клоп и Маурицио Покетино. Никогаш не ги критикувам своите колеги поради начинот на кој играат нивните екипи“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…