Дома Фудбал Само во Турција: Салах доби милиони, а потоа градоначалникот го остави без зборови

Само во Турција: Салах доби милиони, а потоа градоначалникот го остави без зборови

Доаѓањето на Мохамед Салах во Трабзонспор предизвика вистинска фудбалска еуфорија во Турција, а египетската ѕвезда од клубот и градот добива третман каков ретко се гледа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот ас на Ливерпул летово направи изненадувачки трансфер во Трабзонспор, а според информациите, за првите две години од договорот може да заработи дури 23 милиони евра.

Голем дел од трошоците турскиот клуб планира да покрие со огромниот интерес за дресови со неговото име, додека и самиот Салах ќе има значаен дел во маркетинг приходите.

Колкава е еуфоријата што настана во Трабзон, најдобро сведочи податокот дека околу 20.000 навивачи го дочекаа египетскиот репрезентативец на стадионот Шенол Ѓунеш.

Сепак, ова не беше крај на привилегиите за новата најголема ѕвезда на Трабзонспор.

Градоначалникот на Трабзон Хусеин Авни Коскун Џеби личнo го угости Салах и го одведе на една од атрактивните локации во градот. При таа прилика му понуди парцела земја како подарок, со желба Салах еден ден трајно да се насели во Трабзон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува фудбалска предавство какво што не е видено од 2010 година?

Капитенот на Тотенхем Кристијан Ромеро би можел да се трансферира во еден од најконтроверз…