Дома Фудбал (ФОТО) Тажна вест од Аргентина: Голема загуба во семејството на Меси

(ФОТО) Тажна вест од Аргентина: Голема загуба во семејството на Меси

Семејството на Лионел Меси се соочи со тешка загуба. Неговиот татко Хорхе Меси почина во Росарио на 68-годишна возраст.

Според информациите што ги објавуваат аргентинските медиуми, Хорхе ја загубил долгогодишната битка со сериозна болест.

Тој беше една од најважните личности во кариерата на Лионел Меси. Хорхе активно го поддржуваше својот син уште од најраните денови и имаше значајна улога на неговиот пат кон врвот на светскиот фудбал.

Информациите за смртта пристигнуваат само неколку недели откако во јавноста се појавија наводи дека неговата здравствена состојба била сериозно нарушена.

Хорхе Меси зад себе остава семејство, но и огромна трага во приказната за кариерата на еден од најголемите фудбалери во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја нападна УЕФА!

FIFA ја обвини UEFA дека спроведува кампања на дезинформации и се обидува да влијае на пре…