Дома Фудбал Чешка испушти победа во завршницата: Јужна Африка освои бод со пенал (Видео)

Чешка испушти победа во завршницата: Јужна Африка освои бод со пенал (Видео)

Садилек на Чесите им донесе предност веќе во шестата минута, но Мокоена на крајот на мечот реализираше пенал и го постави конечниот резултат 1:1

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентациите на Чешка и Јужноафриканската Република ги поделија бодовите во натпревар од второто коло на Светското првенство со нерешен резултат 1:1, иако Чесите поголем дел од натпреварот имаа предност и беа на прагот на многу важна победа.

Избраниците на Мирослав Кобек одлично го отворија натпреварот и веќе во шестата минута постигнаа гол.

По одбиената топка, Александар Сојка го пронајде Михаел Садилек, кој создаде простор во шеснаесетникот и со прецизен удар покрај десната статива го совлада голманот на Јужноафриканската Република за 1:0.

Чешка по раниот погодок продолжи да го контролира ритамот на натпреварот, додека Африканците се обидуваа да одговорат преку Аполис, Масек и Рејнерс, но не го загрозија позначително Матеј Ковар.

Кога се чинеше дека Чешка ќе ја зачува минималната предност, следеше моментот на одлука. Во 82. минута Павел Шулц играше со рака во својот шеснаесетник, а главниот судија Тори Пенсо без разлика укажа на белата точка.

Одговорноста ја презеде Тебохо Мокоена, кој во 83. минута остана целосно смирен и со прецизен удар во долниот лев агол го совлада Ковар за конечните 1:1.

Каква асистенција, каков гол
Чешка 1 VS 0 Јужноафриканска Република pic.twitter.com/d4X5flZLus— Гуневерзум (@sams_graphic) 18 јуни, 2026

ГОЛ ОД ЈУЖНОАФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА ОД ПЕНАЛ!

🇨🇿 ЧЕШИЈА 1-1 ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА 🇿🇦

Следете ме за да не пропуштите ниеден гол од Светското првенство во фудбал! pic.twitter.com/YUVn6Ut5vw— WCGолови (@CountdownWC2026) 18 јуни, 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…