Дома Бокс Се пензионира еден од најдобрите боксери на 21 век (Видео)

Се пензионира еден од најдобрите боксери на 21 век (Видео)

Еден од најголемите боксери на својата генерација, непоразениот светски шампион Терeнс Крофорд, објави крај на импресивната кариера.

Одлуката доаѓа само три месеци по победата на неговиот живот против Канело Алварез со која ги обедини титулите во супертешка категорија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој 38-годишник од Небраска, кој во септември во Лас Вегас со доминантен настап ја победи мексиканската легенда, ја сподели својата одлука преку видеото на социјалните мрежи.

„Се повлекувам од натпреварувањата не затоа што завршив со борбите, туку затоа што победив во различна битка“, рече Крофорд, „Онаа во која заминувате под свои услови”.

Крофорд (42-0, 31 нокаут) заминува во пензија како актуелен WBA, IBF и WBO шампион во супертешка категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Откако Џошуа му ја скрши вилицата: Џејк Пол најави враќање во рингот оваа година

Џејк Пол планира да се врати во боксерскиот ринг во текот на 2026 година и повторно да се …