Дома Бокс Усик: Ќе се молам за Џејк Пол, Џошуа може да го уништи

Усик: Ќе се молам за Џејк Пол, Џошуа може да го уништи

Олександр Усик, шампион во тешка категорија во бокс, изрази сериозна загриженост за животот на Јутјуберот Џејк Пол пред неговата борба против Ентони Џошуа. Усик, кој и самиот посакува меч со Пол, смета дека исходот од борбата закажана за 19 декември би можел да биде фатален за американскиот инфлуенсер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Украинскиот боксер, кој и самиот премина од крузер во тешка категорија и двапати го победи Џошуа, добро знае со какви опасности се соочуваат борците против значително поголеми противници. Разликата меѓу Пол и Џошуа е огромна – Џејк Пол е понизок за околу десет сантиметри, а разликата во нивната последно пријавена борбена тежина изнесува дури 23 килограми.

Усик без двоумење го искажа своето мислење, споредувајќи ги двајцата борци на сликовит начин. „Ако Ентони Џошуа сака, ќе го убие овој момче”, предупреди Усик за Boxing Scene. “Ентони Џошуа е олимписки шампион. Џејк Пол е спортист, YouTuber, шоумен. Џошуа е „Ролс-Ројс“, Џејк е „Фиат“. Слушајте, тоа е вистината. Ќе се молам за Пол,” додаде Украинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Рико Верхувен го имаше во рака Олександр Усик, а потоа се случува 11. рунда за која ќе зборува светот (Видео)

Олександр Усик го одбрани светскиот шампионски појас во тешка категорија според ВБЦ-верзиј…