Дома Останати Кошарка Соиграчот на Дончиќ ги измеша работите: Го направи Србин, имаше критики и за српската музика!

Соиграчот на Дончиќ ги измеша работите: Го направи Србин, имаше критики и за српската музика!

Кошаркарот на Лејкерс, Руи Хачимура, во своето интервју зборуваше за односот со својот соиграч Лука Дончиќ, Словенецот кој во февруари го напушти Далас Маверикс и се приклучи на тимот во Лос Анџелес.

Хачимура ја истакна добрата врска со Дончиќ и важноста од лекциите што ги добива од овој помлад играч.

“Дружењето со него е секогаш комично. Често заборавам дека е помлад од мене, бидејќи јас имам 27, а тој 26 години. Но, тој е подолго време во НБА и многу ми помага. Честопати сака да разговараме и ми дава совети што треба да правам на теренот,” изјави Хачимура.

Тие дискутираат и за други интересни теми, особено музиката.

“Зборуваме и за забавни, случајни работи. Разговараме за неговата земја, Србија. Знаете, тој ја обожава српската музика и често се смееме како таа музика е лоша. Јас, пак, ја претпочитам афробит музиката, а тој вели дека таа е лоша,” се изјасни Руи.

Да потсетиме, Дончиќ е роден во Љубљана, мајка му Мирјам е Словенка, а татко му Саша има српско потекло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…