Дома Фудбал Oфицијално: Керкез е најновото засилување на Ливерпул!

Oфицијално: Керкез е најновото засилување на Ливерпул!

Левиот бек ги помина лекарските прегледи и договори долгорочен договор со шампионите на Премиер Лигата..

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Керкез станува најновото засилување за Ливерпул ова лето и брзо го следи објавувањето на пристигнувањето на Флоријан Вирц минатиот петок.

Во ексклузивно прво интервју за Liverpoolfc.com, унгарскиот интернационалец изјави: “Навистина сум среќен.

“Голема чест за мене, привилегија е да играм за еден од најголемите клубови во светот, најголемиот клуб во Англија. Само сум навистина, навистина задоволен и возбуден.

“По ова, ќе одам дома и во мојот роден град ќе уживам неколку дена, а потоа не можам да дочекам да се вратам, да ја облечам тренинг опремата и да почнам со тренинзи и подготовки за сезоната.”

Керкез го направи трансферот на “Енфилд” по две импресивни сезони во Англија со Борнмут, за кој одигра 74 натпревари, постигна два гола и асистираше осум пати.

Кариерата на 21-годишниот на сениорско ниво започна со унгарскиот тим ЕТО ФК Ѓер пред да се пресели во Милан во 2021.

Потоа се приклучи на АЗ Алкмар во средината на сезоната 2021-22 и се појави 57 пати за време на неговиот едногодишен и половина престој во Холандија.

Керкез има 23 настапи за Унгарија до денес по неговото деби на меѓународно ниво во натпревар од УЕФА Лигата на нации против Германија во септември 2022.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…