
Фудбалскиот клуб Ливерпул е на чекор до постигнување договор со Борнмут за трансферот на унгарскиот репрезентативец со српско потекло, Милош Керкез.
Mладиот лев бек, кој оваа сезона настапи импресивно во дресот на Борнмут, веќе ги договори личните услови со англискиот шампион. Останува само клубовите да се договорат, информира Фабрицио Романо.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Роден во 2003 година во Врбас, Керкез помина низ младинските школи на тимови како Рапид, Ѓер и Милан, а вистински пробив направи во АЗ Алкмар меѓу 2022 и 2023. Пред две лета стигна во Борнмут, каде што се истакна како модерен дефанзивец.
Сега му се укажува можност да учи од Енди Робертсон на „Енфилд“ и најверојатно да го заземе неговото место, бидејќи шкотскиот бек имаше најслаба сезона од кога е во Ливерпул.
Се споменува дека Борнмут бара сума до 50.000.000 евра за младиот играч, кој веќе има одиграно 23 натпревари за “А” селекцијата на Унгарија.
Да потсетиме, наскоро се очекува потврда на трансферот на десниот бек Џереми Фримпонг од Леверкузен за 35.000.000 евра. Севкупно, ако ништо не се искомплицира, двата трансфера на бекови ќе го чинат Ливерпул околу 85.000.000 евра, а се планира да доведат и стопер, напаѓач и можеби играч за средниот ред.
Фото: Принтскрин