Дома Фудбал Давор Талески е нов голман на Вардар

Давор Талески е нов голман на Вардар

Македонскиот голман Давор Талески, кој неодамна го заврши својот ангажман со Шкендија, официјално стана дел од најтрофејниот фудбалски клуб во земјата – Вардар. Денеска беше потпишан договорот, кој го потврдува неговиот трансфер како значително засилување за „црвено-црните“ во остатокот од сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Талески е еден од најискусните голмани во македонскиот фудбал, со досегашни 165 настапи во Првата лига, од кои на 57 натпревари успеал да ја зачува својата мрежа недопрена.

Во текот на својата богата кариера, Талески ги бранеше боите на неколку домашни и меѓународни клубови, меѓу кои се Победа, Струга, Пелистер, Металург и 11 Октомври. Неговиот талент и професионализам го одведоа и надвор од границите на Македонија, каде настапуваше за финскиот клуб Хонка и за грчкиот тим Лариса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни: Салах е себичен, Слот треба да го исфрли од тимот

ВЕЈН РУНИ изрази сериозна критика кон однесувањето на Мохамед Салах, нарекувајќи го себичн…