Дома Топ вести Винисиус кажа ДА на понудата од 1 милијарда од Саудиска Арабија

Винисиус кажа ДА на понудата од 1 милијарда од Саудиска Арабија

Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, а сега спремаат „луда“ понуда за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.

Винисиус е веќе денови во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако не доби „Златна топка“, поради што во Реал Мадрид го бојкотираа доделувањето на наградата што се одржала во Париз.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека Винисиус Жуниорr одбил понуда од Реал Мадрид за продолжување на договорот, па може кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Министерството за спорт на Саудиска Арабија и на 24-годишниот фудбалер му понудиле да се пресели во некој од најголемите клубови и да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.

Станува збор за понуда тешка неверојатни 1милијарда евра, која Винисиус не ја одбил и му го соопштил тоа на Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…