Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, пренесува „Дефенса Сентрал“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според изворот, англискиот фудбалски гигант му нуди на Бразилецот петгодишен договор со вкупна плата од 200 милиони евра и е подготвен да му плати на Реал Мадрид 230 милиони евра за трансферот.
Актуелниот трансфер-рекорд го држи Пари Сен Жермен, кој ѝ плати 222 милиони евра на Барселона за да го купи Бразилецот Нејмар во 2017 година.
Винисиус е еден од најважните играчи на Реал Мадрид и еден од кандидатите за „Златна топка“,па тешко дека „кралевите“ ќе се согласат да го пуштат.