Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски вчера вечер пристигна во Валенсија каде што треба да го комплетира трансферот во клубот од „Местаља“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трансферот е договорен од претходно, а по репрезентативните обврски македонскиот чувар на мрежата ќе го комплетира трансферот и ќе стави потпис на договор со славниот клуб.
Веднаш по пристигнувањето медиумите го пречекаа Димитриевски, а тој ја даде и првата изјава.
„Среќен сум што ќе играм во вака голем клуб. Стадионот „Местаља“ е она од што сум најмногу импресиониран“, изјави Димитриевски.
DIMITRIEVSKI ARRIVESpic.twitter.com/T86IzRq4m0
— Valenciacf in English 🦇 (@ValenciacfAR_En) June 11, 2024