Дома Фудбал Италија Најголемиот италијански талент останува во Милан

Најголемиот италијански талент останува во Милан

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 16 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.

Камарда со само 16 години позади себе има над 500 голови во младинските категории на Милан, а вчера беше избран за најдобар игач на Европското првенство до 17 години.

Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.

Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а неговите партии ги следат сите големи клубови ширум Европа.

Милан успеа да постигне договор со неговиот агент за продолжување на соработката и наскоро  Камарда ќе стави потпис на професионален договор со „росонерите“ и ќе остане на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …