Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 15 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.
Камарда со само 15 години позади себе има над 500 голови во младинските категории на Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.
Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а неговите партии ги следат сите големи клубови ширум Европа.
Меѓутоа, Милан успеа да постигне договор со неговиот агент за продолжување на соработката и наскоро Камарда ќе стави потпис на професионален договор со „росонерите“ и ќе остане на „Сан Сиро“.
🔴⚫️⭐️ Italian talent Francesco Camarda will stay at AC Milan and sign new deal at the club, decision made.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 27, 2024
New contacts to follow soon in order to complete the agreement and sign the contract.
Key move for Milan as youngest Serie A debutant Camarda won’t leave as free agent. pic.twitter.com/v55smZ5iRK