Дома Трансфер зона Барселона потпишува нов договор со уште еден свој „бисер“ – клазулата ќе изнесува 400 милиони евра

Барселона потпишува нов договор со уште еден свој „бисер“ – клазулата ќе изнесува 400 милиони евра

По Пау Кубарси и Ламин Jамал, претходно Гави, Педри, Балде, Барселона ќе го продолжи договорот и со Хектор Форте.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот дефанзивец оваа сезона доби шанса кај Чави, одигра неколку добри натпревари и од клубот веруваат дека тој ќе биде идеална конкуренција за Алехандро Балде.

Форт е главно десен бек, но оваа сезона најмногу играше лево и покажа дека таа позиција и тоа како му одговара.

Барселона по добрите настапи одлучила да му понуди нов договор до 2029 година и тој автоматски би стапил во моментот кога Форт ќе наполни 18 години.

Форт сезонава забележа девет настапи за првиот тим и во нив запиша две асистенции. Најавите се дека во неговиот договор ќе има откупна клазула во износ од 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…