Хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ би можел да ја напушти Севиља, а според информациите на познатиот италијански експерт за трансфер пазарот тој има понуда од саудискиот Ал Шабаб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ракитиќ има договор со Севиља уште пет месеци и многу веројатно ја игра својата последна сезона во овој клуб.
Според „Трансфермаркт“, Ракитиќ има вредност од четири милиони евра, а сезонава собра 27 настапи во кои постигна два гола и додаде четири асистенции за вкупно 2037 минути игра.
Во кариерата покрај Севиља играше за Базел, Шалке и Барселона. Дресот на репрезентацијата на Хрватска го носеше на 106 натпревари во кои постигна 15 гола. Беше дел и од репрзентацијата која во 2018 година освои сребро на Мундијалот во Русија.