Дома Македонски спорт Мак фудбал Капитенот на Брера ја напушти Струмица за да игра во четвртата лига во Италија

Капитенот на Брера ја напушти Струмица за да игра во четвртата лига во Италија

Неодамна Брера Струмица го потврди заминувањето на капитенот Марио Врдољак кој како слободен фудбалер побара трансфер, а кариерата тој ја продолжува во Италија.

Сезонава Врдољак одигра 16 натпревари во кои постигна еден гол и запиша две асистенции, меѓутоа сакаше нов предизвик.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сега е и познат новиот клуб на 30-годишникот. Од македонската прва лига Врдољак се сели во четвртолигашот од Италија Киети.

Во Струмица Врдољак помина една година, а претходно исто така настапуваше во некои италијански нисколигаши, како и клубови од Романиај, Босна, Хрватска и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…