Женската ракометна репрезентација на стартот од квалификациите за ЕП во Франција, загуби од Шведска со убедливи 38:26.
Нашите ракометарки отворија со 2 гола предност, но серијата од 7:0 ги насочи Швеѓанките на патот кон првиот триумф во квалификациите. Првото полувреме го добија потоа со 18:13.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во второто полувреме ништо не се смени, само Шведска ја зголемуваше предноста што на крајот изнесуваше 12 позитива.
Во таборот на македонската селекција најпрецизна беше Елена Ѓорѓиевска со 9 постигнати погодоци.
Македонската репрезентација во второто коло ќе се соочи против Србија, а натпреварот е закажан за в недела.