Дома Фудбал Швеѓанецот го постигна еден од најубавите голови на СП, но не славеше. Еве зошто

Швеѓанецот го постигна еден од најубавите голови на СП, но не славеше. Еве зошто

Шведска започна силно на Светското првенство и на натпреварот од првото коло во групата Ф, го отвори резултатот против Тунис уште во седмата минута. Голoт, постигнат на стадионот ББВА во мексиканскиот Монтереј, се вбројува меѓу најубавите досега на турнирот.

Натпреварот започна со акција кога тунискиот голман Чамах излета пред Александар Исак и успеа да ја одбие топката. Потоа Виктор Ѓокерес се уфрли и шутираше, но ударот беше блокиран, а топката заврши до Јасин Ајари. Со фантастичен удар од околу 20 метри, тој донесе водство на Шведска.

Гол за паметење, реакција за почит

Сепак, по спектакуларниот гол кој го крена целиот стадион на нозе, следеше мирна реакција од стрелецот. Ајари не славеше бурно, решавајќи така поради почит кон противникот.

Овој шведски репрезентативец има туниско потекло. Иако е роден во Шведска и игра за нејзината репрезентација, неговото семејно потекло е поврзано со Тунис. Со својата гест, тој покажа почит кон земјата на неговите предци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок зад кулисите на Светското првенство 2030: Тајниот договор веќе одлучи каде ќе се игра финалето?!

Борбата за домаќинството на финалето на Светското првенство 2030 година сè повеќе добива п…