Дома Фудбал Италија Јувентус вечерва со нова формација – еве како ќе изгледа!

Јувентус вечерва со нова формација – еве како ќе изгледа!

Макс Алегри е спремен повторно да ја промени формацијата, па вечерва Јувентус ќе го видиме во формација во која не се гледа така често.

Алегри минатата сезона ја промени тадиционалната 3-5-2 формација во 4-2-3-1, но сега е спремен повторно да проба нешто ново.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека вечерва против Олимпијакос „старата дама“ ќе истржа со формација 4-3-3 бидејќи во тимот се враќа Сами Кедира.

Планот е јасен, Германецот ќе ги одработува дефанзивните задачи и ќе му дава поголема слобода на Пјаниќ и Матуиди.

Во нападот единствен сигурен е Дибала кој ќе игра малку по повлечено,а пред него ќе играат Даглас Коста и еден помеѓу Манџукиќ и Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…