Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс игра на позајмица во Челзи до крајот на сезоната, а потоа ќе се врати во Атлетико Мадрид.
Атлетико во јануари се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Феликс неколку пати изјави дека сака да остане на „Стенфорд Бриџ“, но не е по желбата на новиот менаџер Маурисио Покетино.
Имено, Покетино покетино не го сака Португалецот во својот тим и донел одлука да го врати во Атлетико Мадрид.
„Челзи не извести дека Покетино не го сака Феликс и дека нема да го откупат неговиот договор. По истекот на позајмицата, тој ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Во моментов немаме планови за него”, изјави претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.