Според последните информации, Фиорентина е подготвена да го продаде Мароканецот, Софијан Амрабат на Барселона и ја одредила цената.
Фиорентина има намера од заминувањето на Амрабат да инкасира најмалку 20 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Амрабат со „виолетовите“ истекува летото 2024 година и во него има опција за продолжување на уште една година, сепак засега постои можност за трансфер.
Наводно раководството на Фиорентина му ветило на Амрабат дека може да си замине ако до крајот на сезоната стигне понуда од 20 милиони евра.
Сезонава Амрабат одигра 45 натпревари за Фиорентина и запиша само една асистенција, но беше одличен во дресот на Мароко на Светското првенство во Катар.