Женската репрезентација на Македонија и по пет одиграни кола остана без победа во ЕХФ Евро Купот. Днеес во Скопје фаворизираната Норвешка иако не допатува во најсилен состав сепак си замина со полн плен од 18:24.
И во овој изменет состав на Норвежанките има квалитет, а тоа беше покажано и на теренот. Гостите подобро го отворија натпреварот поведоа и со 5:9, ни е успеавме да се вратиме и во финишот од полувремето да намалиме, неколку пати доаѓавме и на „минус еден“, сепак не изедначивме. На полувреме Норвешка замина со 12:14.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брзо на стартот од вториот дел со два гола на Јанеска дојдовме до изедначување на 14:14. Изедначено беше се до 16:17, а тогаш ни започнавме да правиме грешки, а Норвешка влезе во Серија со која го реши прашањето на победникот. Не можевме да се надеваме на повеќе затоаш то во последните десет минути од натпреварот Македонија не постигна гол.
Јована Мицевска собра дванаесет интервенции. Сара Ристовска даде три гола, сите три во првото полувреме. Кај Норвешка, Хелена Фауске стрела шест пати, пред Емилие Арнцен со пет гола од пет обида.
Во недела од 16:00 часот Македонија повторно ќе игра против Норвешка, но овој пат на гостински терен.
Фото: РФМ