Дома Фудбал Италија ФИФА им одговори на Италијанците: Не се надевајте, нема никаква шанса да одите на СП

ФИФА им одговори на Италијанците: Не се надевајте, нема никаква шанса да одите на СП

Македонија ја елиминира Италија во баражот за СП, но Италијанците се надеваа дека ќе може да влезат во Мундијал наместо Иран.

Иранската фудбалска федерација се најде во фокусот на ФИФА откако на последниот квалификациски натпревар против Либан не им беше дозволен влез на жените на стадионот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италија се надеваше дека ФИФА ќе го дисквалификува Иран, бидејќи Федерацијата претходно доби предупредување да прекине со половата дискриминација.

„Никогаш не сме разговарале да го исфрлиме Иран. Дури и да го направиме тоа, друга азиска репрезентација ќе оди на Светското првенство. Да се ​​ослободиме од лудата идеја Италија да оди во Катар, тоа е невозможно. Тоа е утопија“, рече Евелин Кристилин, членка на Советот на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус гледа кон Манчестер, најде човек кој игра и лев и десен бек

Јувентус бара засилувања на бековските позиции, и се одлучи да тргне по фудбалер кој подед…