Интер во недела му гостува на Јувентус во големото италијанско дерби, кое може да се покаже како одлучувачко во трката за Скудетото.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес пристигнаа одлични вести за тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, кој ќе може да смета на Марсело Брозовиќ.




Брозовиќ се опорави од повредата и денес тренираше со остатокот од тимот, па против Јувентус ќе биде во стартниот состав.




Лаутаро Мартинез не е повеќе позитивен на Ковид, тренира регуларно со тимот, па ќе биде спремен за големото дерби.




Особено важно за Инзаги е враќањето на Брозовиќ, бидејќи се покажа дека Хрватот е клучен фудбалер во неговата формација.