Maсимилијано Алегри потврди дека минатото лето имал договор со Реал Мадрид, но тогаш дошол повикот од Јувентус поради кој се одлучил да се врати во клубот од Торино.
Алегри во првиот мандат со Јувентус освои 11 трофеи во пет сезони, а клубот го отпушти во 2019 година, потоа на клупата на „старата дама“ седеа Сари и Пирло, за на крајот Алегри да биде вратен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав договор со Реал Мадрид минатото лето, но кога добив повик од Јувентус го побарав Перез и му кажав дека го избрав Јувентус. Реал Мадрид го одбив два пати, првпат кога преговарав со Јувентус за нов дговор, тогаш на Перез му кажав дека веќе му имам дадено збор на Ањели“.
„Мајка ми почина во 2018 година и затоа не сакав да одам далеку. Сакав да останам блиску до мојот син и татко кој беше тажен поради смртта на мајка ми“.
„Во Јувентус одлучив да се вратам затоа што сум поврзан со овој клуб, имам одличен однос со сопствениците, но исто така сакам да бидам блиску до мојот син кој живее со мајка му во Торино“, истакна Алегри.
Јувентус сезонава приреди уште едно разочарување на навивачите во Лигата на шампионите откако во осминафиналето беше елиминиран од Виљареал. Во Серија А после лошиот старт тимот започна да игра подобро и во завршницата се вмешува за борба за врвот.