Дома Фудбал Англија Гвардиола после „седмицата“ против Лидс: Заслугите се на клубот што ми купува квалитетни играчи

Гвардиола после „седмицата“ против Лидс: Заслугите се на клубот што ми купува квалитетни играчи

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити вчера го победија Лидс со 7:0 во 17. коло од Премиер лигата.

Со таа победа актуелниот лидер на првенството во Англија стигна до својата втора најубедлива победа во 127 годишната историја, првата е 8:0 против Вотфорд исто така под водство на Пеп. Тоа беше и прв натпревар една екипа која ја води Марсело Биелса да прими седум гола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола го сруши и рекорд на Клоп. Првиот гол на Сити против Лидс беше 500-ти првенствен гол за Сити откако тој ее терене и за тоа му беа потребни 207 натпревари. Рекордот на Клоп со Ливерпул беше 500 гола за 234 натпревари.

По натпреварот Пеп доби прашање да ги прокоментира ваквите достигнувања.

„Се е тоа вистина, но се заборава нешто поимпресивно во кое успеавме. Во 17 првенствени натпревари примивме само девет гола. Тоа докажува дкеа не мораш да играш дефанзивно за да бидеш успешен во одбраната. Играчите кои ги имам се доведени да бидат креативни, мојаработа е само да им кажам да трчаат. Се останато е заслуга на клубот кој ми купува квалитетни играчи“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…