Поранешниот македонски репрезентативец, Николче Новески имаше разговор за „ФорФорТу“, а тема секако беше настапот на Македонија на Европсото првенство.
Новески верува дека со малку среќа Македонија може да ја помине групата.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
„За првпат сме на еден голем турнир. Селекторот кажа дека сака да ја поминат групата и тоа е навистна храбра изјава. Со Германија покажавме покажавме дека можеме да играме против најголемите. Ќе видиме како ќе се покажеме на Европското првенство“.
Новески ја коментираше групата.
„Верувам дека ќе се прикажеме во наше најдобро светло. Се надевам ќе не заобиколат повредите, ни треба секој кој е во тимот и со малку среќа сметам дека можеме да ја поминеме групата. Ни треба победа, во фудбалот се е можно“, порача поранешниот македонски дефанзивец.
Новески репрезентативната кариера ја заврши со 64 настапи во националниот дрес во период од 2004 до 2013 година.