Дома Топ вести Откриени детали во договорот со Баерн: Нагелсман ќе биде најскапиот тренер во историјата

Откриени детали во договорот со Баерн: Нагелсман ќе биде најскапиот тренер во историјата

Германските медиуми денеска објавија дека Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн.

Нагелсман наводно се договорил со управата на Баерн, а тоа ќе биде најскапиот трансфер на еден тренер во фудбалската историја. Тој на клупата на актуелниот европски првак ќе го наследи Флик, кој претходно најави дека ќе замине по крајот на сезоната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според „TZ“, Нагелсман ќе заработотува осум милиони евра годишно. Договорот на 33-годишниот тренер со Лајпциг е со важност до летото 2023, па Баерн мора да го откупи. Се шпекулира дека Баерн ќе издвои околу 23 милиони евра.

Тоа би било рекорд, бидејќи до сега најскап тренер е Андре Вилаш-Боаш, кој од Порто во 2011. година премина во Челси за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн руши рекорди. Никој досега не започнал сезона како нив

Фудбалерите на Баерн го продолжија својот победнички ритам оваа сезона, совладувајќи го ак…