Навивачите на Вардар, „Комити“ овој период се главни информатори околу се што се случува во клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тие вчера на својата Фејсбук страна објавија дека тренерот Никола Илиевски завршил во болница поради Ковид-19. Илиевски веќе една недела е позитивен на вирусот, а бил пренесен во болница.
„Во моментов поради компликации со корона вирусот, шефот на стручниот штаб на ФК Вардар е префрлен на клиника.
Му посакуваме добро здравје и што поскоро да се врати покрај тимот, и на Вардар да му го пренесе својот борбен дух. Ќе ни треба во натамошната борба за опстанок.
Издржи Џиџи !“, стои во објавата на социјалните мрежи