Дома Трансфер зона Халанд го известил Раиола каде сака да ја продолжи кариерата?

Халанд го известил Раиола каде сака да ја продолжи кариерата?

Ерлинг Халанд на лето сигурно ќе биде еден од фудбалерите за кого ќе се борат многу клубови.

Халанд игра одлично оваа сезона во дресот на Борусија Дортмунд каде што пристигна од Салзбург за 20 милиони евра. Но, јасно е дека германскиот клуб солидно ќе заработи ако се реши да го продаде ова лето.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Веќе некое време се шпекулира дека 20 годишниот напаѓач ќе ја промени средината ова лето и дека е спремен за нов чекор во кариерата.

Халанд во последно време многу се поврзува и со Барселона, се пишуваше и дека Лапорта го направил првиот контакт. Сепак, „Марка“ објави дека неговата желба е да го облече дресот на Реал Мадрид.

Според информациите, Халанд веќе го известил неговиот агент Мино Раиола за неговата желба да пристигне во таборот на „кралеивте“. Дали ваквите најави ќе се остварат ќе видиме во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…