Дома Топ вести Манчестер Сити ја намали понудата за Меси за цели 200 милиони

Манчестер Сити ја намали понудата за Меси за цели 200 милиони

Манчестер Сити не се откажува од Лионел Меси, но клубот ја намали понудата за цели 200 милиони евра, тврдат англиските медиуми.

Минатото лето „граѓаните“ му понудија на Меси астрономски договор од 700 милиони евра за 5 години, но сега ја преформулирале понудата и таа изнесува 500 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сити ја намали понудата поради финансиската криза предизвикана од пандемијата, како и фактот дека Меси е повозрасен за една година.

Меси минатото лето се обиде да ја напушти Барселона со слободен трансфер, но тоа не му беше дозволено, па остана на „Камп Ноу“ уште една година до истекот на договорот.

Силен интерес за Аргентинецот покажува и ПСЖ, кој веќе доставил понуда до таткото на Меси, но не се откриени финансиските детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…