Фудбалерите на Ливерпул вечерва на гости го победија Тотенхем со 3:1 во дербито од 20. коло во англиската Премиер лига.
Тотенхем добро го отвори натпреварот и поведе уште во третата минута кога Сон погоди за 1:0, но псоле прегледувањето на ВАР снимката беше поништен гол. Домаќините се закануваат и во 22 минута кога Сон одлично шутираше. Алисон тоа го одбрани. Две минути подоцна Ливерпул имаше шанса преку Мане, но на другата страна Лорис реагираше добро.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во последните секунди од првиот дел Ливерпул поведе со 1:0. Мане помина по левата страна и уфрли во петерецот, а таа топка ја искористи Фирмино.
После само две минути во второто полувреме Ливерпул стигна до 2:0, Арнолд беше стрелец. Тотенхем ја намали предноста со одличниот гол на Хојберг. ВАР подоцна поништи гол на Салах.
Одбраната на Тотенхем уште еднаш лошо реагираше, а овој пат таа грешка ја искористи Мане кој погоди за конечни 3:1.
Ливерпул со овој гол се искачи на четвртот место со 37 бодови, додека Тотенхем е шести и има четири бода помалку.