Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер после заминувањето од клубот открива интересни моменти кои се случувале додека го предводеше клубот.
Венгер во Арсенал донесе бројни големи играчи, а во 2001. година пристигна и одличниот Сол Кембел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој пристигна од најголемиот ривал Тотенхем. Преку ноќ стана предавник за навивачите на Спарси и помина тежок период од животот.
„Знаев дека трансферот ќе предизвика бројни реакции во Лондон, но беше играч кој го посакував. За мене беше лесно, бидејќи знаев дека потпишав одличен играч, но за него тоа беше многу непријатно.“ – рече Венгер.
Кембел добивал бројни закани од навивачите на Тотенхем.
„За Сол беше многу стресен период. Не можеше да отиде на вечера на одредени места или да шета слободно во Лондон поради бесот на навивачите на Тотенхем. Сега не знам дали би го потпишал кога знам низ што поминуваше.“ – додаде Венгер.
Кембел во дресот на Арсенал остана до 2006. година, потоа на кратко го облече дресот на тимот во сезона 2009/10, па вкупно за Топџиите запиша 211 настапи и постигна 12 погодоци.