Тренерот на Барселона има многу поголеми грижи од иднината на Лионел Меси. Неговиот тим е седми на табелата и зад лидерот има десет бодови помалку.
Откако Нејмар ја крена јавноста на нозе со неговата изјава дека следната година ќе игра во тим со Лионел Меси, тренерот Роналд Куман беше „нападнат“ од шпанските медиуми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Само еден човек може да реши за неговата иднина. Тоа е Лео. Мене не ме интересираат коментари кои доаѓаат од надвор, тоа не можам да го контролирам. Ме интересира тоа што се случува меѓу нас, а Меси моментално има договор со нас“, изјави Куман.
Ако Нејмар вели дека ќе игра со Меси, тоа може да значи и дека ќе се врати во Барселона.
„Како клуб, ние мора да се обидеме да ангжаираме најдобри фудбалери“, додаде стратегот на Барселона.