Дома Фудбал Останато Најпродаваните дресови во САД: Во некои држави имаме големи изненадувања

Најпродаваните дресови во САД: Во некои држави имаме големи изненадувања

Лионел Меси и Кристијан Пулишиќ се најпопуларни фудбалери во САД по продажбата на дресови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој двоец е доминантен по продажбата на дресови во оваа година во поголемиот дел американски сојузни држави, а покрај нив на листата се само уште неколку фудбалери.

Кристиано Роналдо не е толку популарен и неговиот дрес е најпродаван само во неколку држави, а во една од државите најпродавани се дресовите на Садио Мане и Бруно Фернандеш.

Она што е интересно е што во Јужна Дакота најпродаван е дресот на стоперот на Јувентус Леонардо Бонучи, а во државата Вермунт најмногу се купувал дресот на Деле Али од Тотенхем што секако е изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен судија по голот на Арсенал: Време е за промена на правилата

Поранешниот помошен судија на Премиер лигата Дарен Кан предложи промена на фудбалските пра…