Реал Мадрид вечерва потврди дека Серхио Рамос нема да игра во следните три недели поради повреда.
Рамос се повреди на натпреварот помеѓу Шпанија и ГЕрманија, а после деталните лекарски прегледи е потврдено дека се работи за лесна повреда на коленото.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Искусниот дефанзивец надвор од терените ќе биде три недели, а тоа значи дека Зидан нема да може да смета на него за натпреварот против Интер кој е на распоредот на 25. ноември.
Покрај тоа Рамос нема да биде подготвен и за претпоследното коло во ЛШ кога Реал ќе му гостува на Шахтјор.
Исто така, покрај натпреварите во ЛШ, Рамос сигурно ќе ги пропушти и натпреварите против Виљареал, Алавес и Севиља.