Дома Трансфер зона „Имаме доволно пари да го купиме Роналдо“

„Имаме доволно пари да го купиме Роналдо“

Францускиот првак ПСЖ се смета за еден од главните кандидати за купување на Кристијано Роналдо следото лето.

Се појавија шпекулации дека Јувентус летоска може да го продаде Роналдо и ако некој може да го купи, тогаш тоа без дилеми е ПСЖ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Роналдо има договор до летото 2022. година, но во Торино сметаат дека наредното лето е последната шанса нешто да заработат од искусниот Португалец, без оглед на тоа што моментално тимот без него е незамислив.

„Не знаете што може да се случи денес. Роналдо утре може да каже дека сака да игра на друго место. Тоа е мал круг. ПСЖ припаѓа во тој круг. Мора да се подготвуваме за преодиот рок и тоа го работиме.“ – изјави спортскиот директор на Парижаните, Леонардо и додаде:

„Имаме свои приоритети, но секогаш може да се случи нешто непланирано.“

Според спортскиот директор, ПСЖ ги чувствува финансиските последици од глобалната пандемија, но и покрај тоа има доволно големи капацитети за успешно пребродување на кризата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…