И денес се појавуваат проблеми за македонскиот ракомет.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 денес пријави уште два нови позитивни случаи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Информација за тестирањето на ковид-19 на ракометарите и стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2Откако пред два дена беа констатирани симптоми кај двајца ракометари, РК Еурофарм Пелистер 2 ги тестираше сите членови на клубот на ПСР тест на ковид-19. По дополнителните тестирања позитивни тестови има кај уште двајца ракометари. Во овој момент четворица ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на коронавирус, немаат симптоми и добро се чувствуваат.По наредното тестирање на останатите членови на екипата, стручниот, медицинскиот и административниот тим, ако сите тестови се негативни, тимот ќе се врати во тренажен процес“, стои во објавеното соопштение на социјалните мрежи.