Дома Фудбал Италија Скандал на Апенините: Суарез со измама го положил тестот за италијански јазик

Скандал на Апенините: Суарез со измама го положил тестот за италијански јазик

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез минатата недела полагаше тест за италијански јазик за да може да добие пасош на оваа држава.

Сопругата на Суарез е од Италија и поради тоа има можност да добие пасош на оваа земја. Уругваецот се поврзуваше со трансфер во Јувентус и многумина веруваа дека поради тоа полагаше тест бидејќи Старата дама сакала да го регистрира како играч на Европа, а не странец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа напаѓачот на Барселона минатата недела допатува во Перуџа каде полагаше тест за италијански јазик кој е неопходен за да може да добие италијански пасош.

После тестирањето беше објавено дека Суарез го положил тестот за познавање италијански јазик ниво Б1. Но, Јувентус се откажа од трансфер бидејќи процедурата околу пасош трае околу пола година.

Угледниот новинар Фабрицио Романо утрово објави прилично скандалозна информација. Имено, тој пишува дека се појавил голем проблем околу тестот на Суарез бидејќи постојат голем број неправилности.

Романо пишува дека Суарез однапред ги добил прашањата кои биле на тестот и со тоа не се релевантни неговите резултати за познавање на јазикот. Истрагата продолжува, но како што стојат работите неговиот тест ќе биде поништен и од италијански пасош за сега нема ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…